Граѓани за Европска Македонија

Пецко - (У)кажувања 2

Преземете го целиот стрип (.pdf 8.8MB)


Печатената верзија на публикацијата може да се добие во канцелариите на ФИООМ или во поранешните центри за поддршка на НВО.

 

Културното наследство им припаѓа на граѓаните

На 16-ти мај во просториите на ГЕМ клубот беше одржана проекција на документарниот филм „Зачувување на светото културно наследство на Република Македонија“ во продукција на Фондацијата „Македонида“. Во триесет минутниот филм, прикажана е состојбата на неколку сакрални објекти од историско значење, како и зафатите околу нивната заштита и конзервација.
Повеќе...
 

„Нормализација“ и „Преродба“

Никола Гелевски

Годинава се одбележува триесет и петтата годишнина од Повелбата 77, славниот текст на група чехословачки интелектуалци кои се бореа против тиранијата на режимот. Повелбата (Harta) беше „слободно, неформално, отворено заедништво на луѓе со различни убедувања и професии, кои се поврзани со спремноста за индивидуално и заедничко дејствување во корист на почитувањето на граѓанските права“. Основниот документ на којшто се повикуваше текстот на Повелбата беше Специјалниот закон за граѓански права, донесен 1976 година, откако една година претходно во Хелсинки советскиот блок се обврзал дека ќе ги почитува усвоените принципи за граѓански права.

14.05.2012

http://www.okno.mk/node/19346
 

Големото `Г` и `одговорноста` на (нај)одговорните

Фросина Ременски

„Апелирам до секој од демонстрантите,  изразувајќи го своето мислење за она за што ќе излезат, да внимаваат на својата лична одговорност. Секој има таква одговорност во нашето општество,  така што и тие што ќе протестираат имаат лична одговорност за своите постапки, да бидат законски и да не ги нарушуваат соживотот и меѓуетничкото и меѓуверското живеење кои со векови егзистираат на овој простор, а така ќе биде и во иднина“, порача вчера(10.05.2012) ....

Доколку овие зборови за Одговорноста и околу Одговорноста беа кажани пред шест години, и доколку беа свесна и подсвесна водилка на сите политички одлуки и упатени пораки до народот, особено од г-нот Прв, можеби многу работи немаше да бидат Големи како што се, а „Новиот бран“ ќе почнеше порано и ќе имаше други ефекти. Но, бидејќи не е така дојдовме до ова дереџе од кое тешко ќе продолжиме да чекориме напред.

12.05.2012

http://www.sky.mk/stav/21900-Колумна-на-Фросина-Ременски-Големото-%60Г%60-и-%60одговорноста%60-на-(нај)одговорните.html
 

Вагата што мери вештици

Никола Гелевски

Во втората половина на мандатите македонските Влади обично ја заоструваат играта и почнуваат да играат грубо. Сегашнава Влада и во тој поглед е исклучок: таа игра грубо од почеток. Но се држи и до старите непишани правила: како што се гледа загубата на власта, така растат алчноста и насилството. Господ знае кај ќе биде крајот, но работиве не одат на арно. Нападот врз „Фершпед“ испраќа застрашувачки пораки на сите страни: секоја фирма во земјава може да биде национализирана и срамнета со земја од страна на Партијата. Секоја фирма може да биде замената со соодветна партиска фирма. И не постои цена (во луѓе, пари, углед итн.) што Партијата може да ја спречи во намерата.

08.05.2012

http://www.okno.mk/node/19195
 

Горчливата реторика на слатката власт

Фросина Ременски

Кога започна реализацијата на проектот „Скопје 2014“ знаев дека во државава работите ќе тргнат наудолница.

Тука не мислав само на огромните пари кои (според нив), се одвојуваат за т.н., „капитални инвестиции“ од што допрва ќе не боли главата, а богами ќе ги боли и нашите деца; Не мислев, исто така и на штета што му се нанесува на нашиот неспорен македонски идентитет со барокната реидентификација како Антички Македонци и штетите во процесот на договарање за името како услов за се`.

Ова се прашања кои во постапка (кривична, дипломатска, политичка), ќе ги затвориме некако. Запрежната кола, натоварена со манипулации и подбуцнувања тргна наудолница и штетата што ја предизвика удирајќи во столбовите на националната безбедност (меѓуверската толеранција и меѓуетничките односи) и политичката стабилност, е она што треба да не` загрижува сите.

07.05.2012

http://www.sky.mk/stav/21526-Колумна-на-Фросина-Ременски-Горчливата-реторика-на-слатката-власт.html
 

Ќе биде ли?

Ѓунер Исмаил

Македонија, колку и да запнале Преродбениците да ја растураат одвнатре, а Тоа е веста на денот, ЌЕ ОПСТАНЕ!

До пред некој ден, ваков одговор, особено од сомничавите, ќе беше тешко да се извлече, но одкако СИТЕ заинтересирани “истрчаа на терен“ со сите нивни планови, потфати, ешалони, поединци, медиумски загари(домашни и странски!), состојбата се разбистри, актерите се разголија  и сега сите Тие што треба(ше) да знаат како оваа земја да остане на гео-политичката карта таква каква што е, се на потег! Картите се отворија. Сега, дали во компликуваните гео-политички игри играчите избрзаа, или пак процесите неминовно доведоа, сеедно. Сега се е на виделина и, нагласувам, редот налага ГАРАНТИТЕ и ПОТПИСНИЦИТЕ (без разлика на тоа Кој кај нив го води орото) да си го одработат својот дел.

05.05.2012

http://www.sky.mk/stav/21457-Колумна-на-Ѓунер-Исмаил-Ќе-биде-ли.html
 


Страница 1 од 40

 

Вкупно поддржувачи - 5409.
  • 205 преку веб сајтот.
  • 3603 во тетратката за поддршка
  • 176 преку имејл
  • 1425 членови на facebook

 


facebook-64x64
Flickr_logo_gem

Пецко (У)кажувања

Овој пат нема да поминете!

gem-ovoj-pat-nema-da-pominete-w200

Преземете го текстот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb]

Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: против молчењето

manifest-molcenje-baner

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [vla], [bos], [srp], [tur], [rmy]

Манифест за Европска Македонија

Manifest_makedonski

Преземете го Манифестот на следниот јазик: [мак], [eng], [alb], [srp], [bos], [tur], [rmy]